другачка ж.

другачка (ж.)

Тутуни садиш, тутуни нижеш, тутун таговно у монопол редиш, ме споменуваш и ем си жалиш денови - крепи тешки си редиш — Величко, мори, другачко златна!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Господ и свети Аранѓел ќе и отепа! — проговорија двете другачки одеднаш, а Бојана продолжи?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— „Платите што сме а плеле другачка ни дваесет години!“ — рекоа тие и се фатија за раце, им го преградија патот на деверите кон средната врата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таму секоја гостинка, макар на еден или два дена дошла, ќе оди и ќе се запознае со другачки и еснавки од Витолишча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Анѓа ѝ исприкажа како порасна во слобода кај мајка си и татка си; како весело и слободно го проживеа детството свое, како радосно работеше на нивните ниви, лозја и градини и се што им се раѓаше беше нивно; како среќна и весела играше и пееше на сретсело на Велигден, Ѓурѓовден и другите христијански празници со своите другачки; како среќна и доволна ја собираше волната од нивните овци кога ги стрижеа, и најпосле ѝ ја откри младата душа до нејзината длабочина и ѝ кажа дека има прво либе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ама ко таа, ко не таа. Бевме една врст, другачки, И таа беше дошла по некоја мака во Битола. 219
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А другачки ми: ха, ха, ха, - ихи, една ќе се изука, друга ќе ѝ се привдаде, се смеат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И една од другачки ми, Стојна Ресулоска, само ја пуштаме да ги полни стомните, да носи вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа се фаќа меѓу две другачки и го погледнува благо Петрета, како да ја разбрала неговата мисла и покорно ја извршува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Убав млад човек, непознат другоселец, ја разделува од другачката, ја зема нејзината мала рака.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Забриши моме пенџере и тури сарма у тенџере скалите да ги пометеш џемперот да го доплетеш Чорапи немам два пара ќе одам сега на пазар кошула ми е скината забриши в куќи прашината Цел ден со другачки ломотиш сармата да не ја загориш и ништо ако не работиш назад кај татко ти ќе одиш
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Кога ме викаа другачките, со стомните излегуваше баба ми - Јаглика наша глуждот си го шинала, брзајќи кокошките да ги нарани!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Рацете, фатени со другачките се павкаат како крилца раширени за полетување.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)