дудинка (ж.)
Се качивме на една црничка, дудинка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Некогаш достоинствениот дворјанин со меч на појасот и крст во срцето градел свој молитвен дом со крв и со пот на гладни шутраци, сега пред тој манастир со име Гаврил Лесновски ја пречекале дружината десетина мажи, и самите темни и суви; мислиш дошле оддалеку да стојат пред стара и крива дудинка и да го наслушнуваат умирањето на зимата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ние набрзина слеговме од дудинката. Мајка ми бавно отвори. Беа тројца.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мајка ми и покрај сѐ беше готова да донесе слатко од дудинки, да свари кафе, но шефот ја прекина: – Заминуваме.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мајка уште еднаш ги послужи со слатко членовите на комисијата, а шефот пивна и од ракијата од дудинки.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Те качуваше и на дудинката зад големата куќа. Те клукаше со оние бели дудинки.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Почнав за психо-вежби да го користам и секојдневното излегување во дворот на клупата под сенката на закржлавената дудинка покрај улицата.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Се вратив назад на клупата под дудинката.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Покрај оградата имаме една закржлавена дудинка; си поседувам таму на клупата под нејзината скржава сенка.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)