егзистира несв.

егзистира (несв.)

Со судбината на историските личности, нивните индивидуални животни стории, писателот ја воспоставува нераскинливата врска со сопствениот народ, колективното егзистирање, што ќе рече оти како уметничко- естетска вредност романот е дело за една личност која во себе најубаво и најуверливо ги одразува и содржи сите народни идеали и се стреми кон општочовечките, униврзални димензии на егзистенцијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Моќта на зборот и преку сликата да се доближи до мислата и размислата, е процес што егзистира во поезијата од нејзината праисторија: во генот на зборот е да формира слика, во смислата на сликата е да се крие нејзиниот прародител – светлината и сенката на неизречениот збор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Видливото, реалноста, има смисла да егзистира во феноменот на научниот контекст.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Очигледно е дека сѐ на оваа планета е релативно, и егзистира независно само доколку во своите односи им се приближува на другите нешта и се разликува од нив...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како филозоф кој е воден од интересот за умот и за вистината би одговорил на Вашето прашање, дека е така бидејќи текстовите по мое мислење така егзистираат и така се читливи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Убеден сум дека Бојс покажува дека само низ уметноста може да проговори тишината на ништавилото и сѐ што егзистира а е различно од човекот, природата и животните.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Што се однесува до сопственото јас, тоа егзистира во вакуум.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Авторот во текот на целата книга иронично ќе ги означи со иницијали „антисубјектите” кои престанале да егзистираат како лица за да постанат егзекутори на гнасни дела.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
(...) Денес убавото тело егзистира како пазарна марка со својата вредност и местото во хиерархијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На пример, го поставува прашањето на уметничкиот објект (или производ) во една средина која неспоредливо се разликува од западниот контекст, во кој тој ист објект егзистира и е сфатен.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Достигнувањето на Партијата е во тоа што создаде систем на мислење во кој и двата услова можат истовремено да егзистираат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Согледувајќи го македонското општество и внатрешните односи во него, то ест односот на поединецот кон државата дојдов до една класификација на неколку типови (карактери) личности кои егзистираат у оваа наша банана република.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тој мора да работи нешто друго за да егзистира како творец.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Реалист по природа, по сите негови согледувања и анализи, Еванс можел сосема слободно да заклучи дека и покрај желбата за обединување на Македонците во една независна и самостојна Македонија, што и тој им го посакувал да го остварат како нивно право, Македонија како таква „не може да егзистира“ и дека е тоа „непожелно“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Можеби тоа е можно како хипотеза во теоријата, но во практиката, во животните текови во кои ние егзистираме, тоа е апсурд.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)