еден (м.)
А на Лумана му должиш и, ако не слушаш, едно ќе те посоветувам: отсега натаму слушај го и други марифетлаци не ти требаат...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Едно е арно дека нема кому да му потураш, кому да му миеш нозе и да му гувееш кога ќе вечера, а трипати е полошо оти нема кој да се опсени околу тебе, да ти покаже, да те поучи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Еда, е многу мазна и висока, вели, и една многу ќе те умори, ба му ја!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во финалето на последното кажување Веселин, Мена и малиот раскажувач ќе слезат кон полето исполнети со дрвени некролози и ќе почувствуваат неодложна желба да ги уништат табличките, тие морничави белези на умирањето: „Сите овие проклети крстови ќе ги искорнеме, рече Веселин, сите до еден.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
— Кому ѓубре, ѓубре едно, велам и ја фаќам едната в гуша.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Само еден, некој Јаков Иконописец што ќе останел да го надгледува довршувањето на водениците, движен од исконско пијанство во себе, можеби со заткарпатска медовина во крвта, без причини се обидувал да запее.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби сега ви е појасно зошто не сака да се ожени со една, не ќе смее да се преженува со онаа другата, што доаѓа по неа.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
- Добро, добро – попушти Дедо Мраз штом виде дека пречканицава со налудничавково не води никаде – биди што сакаш, викај се како сакаш, па и Нероден Петко, само кажи ми едно: каде се наоѓаме и што се случува со нас?
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
„Еден од нив ме турна еднаш“, рече старецот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Само еден ти. Само тоа ми останува...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Од денот кога еден сѐ уште ѝ ја пиеше крвта на другарка ми, друг полека ѝ се вовлекуваше под кожа, со крајна дестинација... е, таму каде што почнуваат нозете да растат, под здолништето.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Две зближени судбини, едната источно насочена, а другата западно, на Балканот се обединуваа во една.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)