едепсаз (м.)
ТЕОДОС: Што се дуеш како сурлаџија, бре едепсас!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Види го ти него едепсас, што не ги зема кај него туку селово го прави беузур.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Кога ги виде децата како им се приближуваат, тој присторе: - Види ги едепсузиштава!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
На Адем му се нажали за Катето и пишман се стори што му го натрапи со сила на овој едепц'з, ама сега беше доцна да може да ја исправи таа грешка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Не сосила, едепсаз, не!” ја крева раката Томор и го запира сејменот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Е едепсаз - неранимајко, бесрамник ексик - нецелосен, недоволен, остаток, недостиг, уште тој недостига
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)