еднодневен (прид.)
Ослободени од времето, се оддаваат на некое непрекинато летање, како вилините коњчиња со еднодневен живот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Фаерабенд тврди дека самата замисла дека „оваа еднодневна мушичка, човечкото суштество, ова мало парче ништо“ ја открива тајната на постоењето е „луда“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Заради еднодневното седење во гигантската змијовидна опашка, каде што секој миг станувавме од столовите за да се помрднеме понапред, хрватскиот пасош ќе ми биде особено сладок.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Кучињата сопствениците ги оставаат на еднодневен или повеќедневен престој, кога одат на работа или некое патување, а дома немаат кому да му ги остават.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Оние што не ги бев видела дотогаш; оние на кои не се имав сетено дека постоеле во сите денови на војната; и се разбира најсетне, оние што можат да потрајат и подолго од еднодневна употреба.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)