езан м.

езан (м.)

Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако беше дома и ако го чуеше езанот на муезинот за акшам намази, се завртуваше кон Тодора и важно соопштуваше: „Акшам намази”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Штом ќе се чуеше езанот од минарето, повикот за клањање, и штом муезинот ќе го кажеше она „Господ е голем”, Неби-ага паѓаше на коленици врз своето чергиче и почнуваше да клања во правец на Кибла, или кон патот за Мека.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тогаш се слушна езанот од минарето на џамијата. Беше време за оглен намази и кајмакамот го прекина зборувањето со ибн Бајко, и со очи замаглени и отсутни, се струполи да се клања врз сеџадето што го одвитка и посла.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од другата страна на градот, само со малку подзарипнат глас, езанот го најави неговиот колега кој изгледа не го курдисал часовникот, та двата звука делуваа како фонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)