ексцентричен (прид.)
Од сите ексцентричности на египетската лексика најизвонредна е можеби онаа, покрај зборовите коишто во себе обединуваат спротивставени значења, која во себе содржи сложени зборови во кои две реченици со спротивно значење се обединети во еден композитум кој го има значењето на само еден од неговите два члена кои го конституираат.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Намерата да се обнови марксистичката традиција во постсоветската Москва е чин кој по ексцентричноста не заостанува зад Бренеровиот и Куликовиот „анти-интелигентен” егзибиционизам.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Така е достигната центрифугалната, ексцентрична точка, во која движењето создава празнина што ве апсорбира.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Таа централност и таа ексцентричност можат само да допринесат за неговата налудничава пропаст, која на њујоршката „сцена“ естетски се транскрибира низ лудирање, низ жестокиот експресионизам, но која целиот град колективно ја негува низ техничката френетичност кон вертикалноста, низ забрзувањето на баналноста, во живоста на среќните или бедните лица, во дрскоста во која човечкото му се жртвува на едно чисто циркулирање. 66 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во Новоговорот постоеше збор за тоа: се нарекуваше „самживот“, со значење за индивидуалност и ексцентричност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Па, Јадранка не е дури ни премногу ексцентрична за да направи ваков екстремно непромислен и неочекуван потег.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)