енклава (ж.)
Во рамките на културите кои го практикуваат таканареченото фонетско писмо, математиката не е само енклава.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Оваа енклава исто така е местото на кое практиката на научниот јазик однатре и сѐ подлабоко и подлабоко го оспорува идеалот на фонетското писмо и сета негова имплицитна метафизика (метафизиката), т.е. особено философската идеја на episteme; како и онаа на istoria која е длабоко зависна од неа, и покрај раздружувањето или спротиставувањето кое ги упати една на друга во една фаза од нивниот заеднички развиток.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Закинтос е единствената еврејска енклава за време на холокаустот, која праведниците успеаја да ја спасат од првиот до последниот човек.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во пуста печалба беше замината речиси целата класно – географска структура на нацијата: здрави селски момци кои што во енклавата викана запад ги работеа најцрните работи, поосвестени луѓе кои не сакаа децата да им растат во земја која ја водат Тодоровци и Стојановци, а побогатите семејства кои го сметаа Стојан за неизделкан простак, ги испраќаа децата да студираат во странство, со тенеденција да останат таму да живеат.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Некогашните геј- гета, откако од скромни, етнички или работнички маала се претворија во отмени урбани енклави, привлекуваа луѓе со сериозна пара на кои не им пречеше сѐ помалото присуство на геј- луѓето и кои можеа да си ги дозволат вртоглаво поскапуваните станарини – или кои можеа да ги потрошат значителните износи што беа потребни сега за да се купи станбен имот.447
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)