ептен прил.

ептен (прил.)

И така еднаш се сетиле да го замолат Петрета на деновите како што се света Петка, свети Никола, Пречиста, Аранѓел, Божиќ и Велигден тој да го прочитува апостолот „колку да не ни е манџата ептен посна“, како што му рекле.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Ептен си левучар - му рече бате Николче.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ние бевме навистина посебни. Ептен посебни. Искрено.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Си заминаа далеку, ептен далеку во заборавот, да си побараат душа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Оди вака: „Кулиси на животот. Не се потпирај. Не се потпирај на нив. Не се потпирај ептен на нив, Човеку!“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мислиш ли дека имаме ептен среќа!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Баш техничко момче. Ептен.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ептен бев во небрано, јас и матев нешто околу јазикот, мене тоа ми беше професија, ама оваа директна атака врз мене, врз мојата концепција за животот, би рекол, не можев веднаш да ја сварам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Верувајте ми, ја пресеков секоја можност, го потиснав секој нагон, туѓ или мој, што можеше намерно или случајно да предизвика било кога било каква живост во тој, од човечка гледна точка, ептен мртов стан.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Државите како Дардаванија се ептен мали, претерано добри, срамежливи.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Те прашав ептен културно, те прашав ли?“ рече старецот, исправајќи ги рамениците навредено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби и не е најомилениот, тој подоцна, откако беше во Прага, рече дека таа е негова прва љубов, но Лондон ептен го сака.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На враќање, пред да си отидат и Игбал и Мила, ми се стори дека таа мангупски ми намига и тивко, за да не ја чуе тој, ми шепнува: - Ама признај, Бреза, дека ептен ти се допаѓа, признај дека си вљубена во него!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ауу, овој ептен бил лут, си реков и си влегов во мојата соба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ете така ја потфатив, ѝ фрлив трње в гаќи, само за да се соземе, а потоа уште еднаш и повторив дека чевлите многу ми се допаѓаат. Ептен ги погодила!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Чауле си беше ептен при себе. Лично интервенирав кај Мијалче Штипјанчето!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Викни ги. - Мили некои луѓе, нели? - Ептен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зборуваше само натрапникот, зборуваше сѐ едно исто, упорно обраќајќи ѝ се на старата со „братучедо”,додека на Ване не му светна дека овој мора да е младиот Курназ, ама не можеше тоа да го провери, зашто не му го знаеше ни името ни презимето, а со прекарот беше ептен некултурно да му се обрати.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се ближеа, се ближеа до нешто важно. Но, се ближеа ептен полека.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мехмед паша се насмеа: „Ти си бил ептен будала, бре, ибн Пајко! Жена ми, жена ми!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе