еуфоричен (прид.)
по заодот или за видливиот флуид во меѓучовечките односи ...ако нежноста и грубоста се раѓаат од ист збор тогаш ние сме минувачите ноќната ламба постелината сликите хартијата слободно можат да се избришат просторот е доволно определен со четирите ѕида прозорецот заклучената врата во било кој град во било која ноќ се наоѓаме во таа соба во тие соби преплетени како во дивите приказни секогаш топли секогаш повредени секогаш еден од друг и кога сме во спротивните агли на оградената одаја... сонливата утеха на а-молот или тактилното искуство како поттик за блесочни автопроекции ...задоволството при ненадејниот премин од дур кон мол порано често доловувано во моите импровизиации на отворен и во затворен простор без напор како при сплот на вода и воздух кај еуфоричниот нуркач и сега...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
17.10 Дрогата удира со сета своја силина - Па, па „топол и еластичен“ свету и полека се пуштаме по тобоганот на жестоката, еуфорична, извиена, параноидна, бескрајна, дива трка со испревртеното време.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Со тоа, со еуфоричната, транс-димензија се објаснуваше и популарноста на партијата на Луција кај најшироките народни маси; ним им требаше тоа, како обред кој го потврдува животот и култот на изобилието и плодноста.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Секој облик на дружење со нив содржи еуфорична гастро–ретроспектива на која може да ѝ позавиди и Балашевиќ у „Aл' се некад добро јело“.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Убедена во точноста на формулата, македонската влада во 2007 година еуфорично го најави отпочнувањето на новата кампања за привлекување странски инвестиции под карактеристичен наслов: „Инвестирајте во Македонија – нов бизнис рај во Европа.“
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Понекогаш, двата пола на лудилото се пројавуваат кај иста личност: “Некои пациенти, откако се меланхолични, имаат напад на манија,” додека пак некој кој бил еуфоричен заради манијата, го обзема меланхолија, “станува, на крајот од нападот, изнемоштен, тажен, молчалив; се жали дека се плаши за својата иднина, чувствува засраменост.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ме фаќа некоја нервоза, како капак на сета еуфорична конституција на мојата суета.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)