еј (изв.)

Еј, јуначка луда, крв црвена, рујна, ти не ли се жалиш што вака се сипеш по ледини ридски, по тревата бујна?
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Дафино вино, еј!... (Другите прифаќаат). Дафино вино, еј! црвено вино, еј! Момчето ти е заспало на Кара-камен планина.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Момчето ти го фатиле на Кара-камен планина, Дафино вино, еј, црвено вино, еј!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Еј, еј! Стој, стој! Што мислиш ти? Така ли се мери?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СПИРО: Еј, бреј брат Арсо, што тоаф човек си! И отруен човек ќе насмееш. И кога самиот си отруен...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А, беше, ми отиде лозјенцето... Еј, лозје мое лозје, токму како во песната: „Јазе те садам, кој ќе те бере...“
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Море, право во Вардар, да се удавам! (Ја опипува главата, ја тргнува крпата со која му е врзана, ја фрла тресејќи се од гнасење.) Еј, Теодосе! Умри, Теодосе, Теодосе!... (Отидува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А над вас еј си легнуат клетви за век да векуат и срамните ви имиња темнина ќе ги покрива.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Немам сила... Срце пука... Еј, ми тежи тешка ноќ.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Викна Коле Канинчето: „Еј другари, дрште се, уште малце ќе влезиме стреде в Македонија. Наполнете шмајзерите, запалете бумбите!“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Есенен угар нека се бразди, земете плугој, брани, сејте, о сејте загони долги, Еј, народ да се храни!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Се крева врева таму и тука; нов ден се раѓа, нов живот чука, - еј, зора пука!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Ја слези, Малино моме, подолу, еј на подолното кладенче, набери китка босилек, подај ми да помирисам.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
- Еј, почекај, го чув зад себе нејасниот извик на служителот. - Врати се веднаш. Те вика класниот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сакав да појдам и јас по нив но агентот ме викна: - Еј, бездомнику, дојди ваму.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Еееј, докаде достигнаме ние мариовците! Ни по градишчата чупињата не одат на школо, а ние во Мариово тргнаме веќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крсте силно викна неколку пати: Еј овчарко, еј овчарко, брани пците!“, ама никој не се одзва.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еј, море, еј, сираку! Да не те фати бељата, та по десет и петнаесет лири се купува една вдовица, само Доста не сака да го голи човекот, та и дваесет и пет да беше рекла ќе ја тепаше главата Илко; од душа, од гуша — ќе ги отбереше Затоа тој кога киниса од дома си зеде осум лири, две франги, петшест бели меџудии и нешто ситна пара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Комитите ги брка тој еј!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Зад онаа голема планина, еј - уште подалеку, живеат гуштери големи како црквава. Очите им се од срчи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе