жабок (м.)
Славчо не разбра што му рече жабокот, па затоа протрча покрај него како да не го ни видел.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Стариот жабок се разбуди од Славчовите чекори и луто закрека: - Ква! Ква! Тивко, да не ми ги разбудиш жапчињата!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Попот бездруго брзал да го најде утрешниот младоженец и да му каже со насилена насмевка дека ангелите од Откровението на светецот Јован Богослов не бранат маж без жена и жена без маж да се земат, секако во љубомората повикувајќи ги во себе русоглавите небески жители да дојдат и да го престорат среќникот во жабок под кожув; желудникот го болел од пакост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Побожјанските аждери се крастави жабоци без нокти и без заби.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Не можеш да се омажиш за оној стар и исушен жабок. Не давам, разбираш, не давам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Многу нешта кај нас ќе се најдат: мртви звуци на душата гајди: ткаенини од поточна пена: рог на жабок; кликање на мрена...
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
А тие - кој со камера на рамо, кој со статив на плеќи, кој со акумулатор на колк - скокаат по крупните камења во брзакот на притоката, небаре по грбови на биволи, не како настрвени жабоци туку како трудни жаби.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)