жанр м.

жанр (м.)

Во традицијата на балканските класици Луан Старова успева овде да оствари еден мајсторски потфат а несомнено ни резервира и други бисери од овој жанр: Времето на козите е само една книга од една трилогија, која, пак, се вклопува во еден уште пообемен циклус...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Африм Реџепи, книжевен теоретичар и историчар, Времето на козите завршува во едно посакувано двојство на сменување на книжевните жанрови: трагедија или сказна?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Националната унија на француската култура и библиотеките го препорачува ова одлично дело во својот жанр.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Постои ли инкомпатибилност меѓу филозофскиот и литературен жанр?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Нашите лежерни и самодоверливи писатели се фасцинантни, не ѝ се гледа крајот на нивната “дива фикција”, новиот литературен жанр, со кој ингениозно ја задолжија, старата поетика на фалсификување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Никогаш не сум рекол дека филозофијата е литературен жанр, како што ми потставаат одредени луѓе.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тажната книжевна пракса во мојата земја покажува дека дневникот е всушност, воен жанр.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Врските меѓу литературата и филозофијата се покомлицирани отколку што, се чини, мислат оние што ми противречат. Од ваша перспектива значи нема инкомпатибилност помеѓу разни жанрови?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Светот е soap-noir, и тоа е неговиот последен жанр, слика којашто земјината топка, рушејќи се како мртва ѕвезда, уште долго ќе ја испраќа во вселената...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Жанрот на дневничките записи, го сметав за простлив книжевно-временски грев.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Воопшто не се впушташе во заводливото преплетување на философските и литературните жанрови, кои на крајот се влеваат во струјата на „општо случување на текстот“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа не е случајно, Бредбери е автор на специфичен опус што и покрај жанровските обележја е неподатлив за било каква категоризација.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во Англија тој жанр е составен дел од литературата, и таму не беше тешко да се добие Донат или било кој актер.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Елементите кои го сочинуваа филмот од овој жанр не ми се допаѓаа, елегантни салони, раскошни скалила, луксузни соби за спиење итн.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Урбаната имагинација ги прожима сите жанрови на современата книжевност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Освен пресудниот критериум, квалитетот на напишаното, т.е. уметничката кохеренција, важно ни беше да ја оцртаме токму комплексноста и, пак, различноста во писателските приоди кон тој кај нас недоволно развиен „жанр” на тнр. „урбана проза“.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Опитот го издржаа само оние на кои музиката во сите нејзини појавни форми им е љубов, во сите нејзини варијанти и варијации, верзии и жанрови. Во недоумица, така, дојдоа сите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зошто? Па затоа што, откако го прочитав Гете, кој по малку и тормозеше со оној свој баксуз Вертер, решив малку да „мењам жанр”, што и рекол брат ми, и да прочитам нешто од писанијата на мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Триесетте раскази поместени во најновото прозно остварување на Прокопиев жанровски претставуваат своевидни интермедијални текстови или „нешто помеѓу“ есеј и расказ, драма и расказ, филм и расказ, песна и расказ...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сосема е јасно дека Твојот текст за Елен Лејбовиц и не можел да се опредмети, да се запише, поинаку освен како епистоларен роман: сосема старовремски и (оттука) зачуден книжевен жанр со кој, сигурна сум, не си дури ни помислувал дека ќе се плеткаш.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Повеќе