железница (ж.)
Мече се зафати со оваа работа нерадо, со видливо незадоволство што се случи сосема не онака како што му расправаше Беличот во ѕвездната ноќ кога патуваа со железницата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
И еве сега, без карти, застојани до отворениот прозорец, јурат со железницата низ темната ноќ, а прохладниот ветер си игра со нивните немирни коси.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
А железницата јуреше низ темнината со најголема брзина; за скок не можеше ни да се помисли – при таква брзина бездруго би се разбиле на камењата крај пругата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Се прикажуваше една шега дека еднаш ѝ напишал мајке си да му прати пари да си дојде додома од градот, до каде што стасуваше железницата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
ФРАНЦУСКАТА метропола има најстара подземна железница: метро.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Луѓето купуваа, носеа пакети, се буткаа, трчаа кон подземната железница...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Моторниот сообраќај започнал на институционално ниво - железници, пароброди.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Огромни делови од тој живот, дури и за еден член на Партијата, беа неутрални и неполитички, беа прашање на какво-такво извршување на мачни работи, на борба за место во подземната железница, на крпење истенчена чорапа, на измолување една таблетка сахарин, на зачувување догорче.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ќе фатиш подземна железница... или, подобро да ти нацртам.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во секој момент од животот на кој можеше јасно да се сети, никогаш немал доволно за јадење, никогаш немал чорапи или долни алишта што не беа полни со дупки, мебелот секогаш беше исчукан и расклатен, собите недоволно загреани, подземната железница претрупана, куќите се распаѓаа, лебот имаше темна боја, чајот беше реткост, кафето имаше вкус на помија, цигарите ги немаше доволно - ништо не беше ефтино и го немаше во доволни количества освен синтетичкиот џин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
При тие услови, пренесувањето на динамит, што морало да се изврши по царскиот друм до Велес, а оттаму со железница до Солун, било навистина поврзано со непредвидливи и опасни ризици.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Пуштањето во сообраќај на првата железница во Македонија во 1873 година, што се очекувало со нестрпливост, не ги дало саканите резултати.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Потоа од доверливо лице-тенеќеџија капакот на тенеќиите се затворал, како што тоа се правело со шарлаганот, и тие се праќале по железницата на определена адреса во Солун.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Велосипедите со Јанош беа нешто посебно, за памтење, но обично патував со железницата или авто-стоп, налето спиев во вреќа по плажи и на клупи по градските паркови.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тој беше угледен и висок администратор во француските железници, но козите и нивната судбина го исполнуваа целосно неговиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тоа е вашата кралска југословенска железница.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Работникот Марјан Ристески од Скопје (сега 45-годишен) беше вработен со договор за работа на неопределено време во Јавното претпријатие за транспорт „Македонски железници“, сообраќаен погон – каде што, само во овој сектор, имаше над 250 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како еден од обидите за самоубиство е и фрлањето под воз кое порано во Македонија беше практика, но денеска може да се каже дека е сè поретко и тешко спроведливо со оглед на кризата во Македонски железници и само два воза кои сообраќаат во текот на денот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Спорот настана во 2005 година, при трансформацијата на ЈП „Македонски железници“ во две нови претпријатија: АД „МЖ Транспорт“ (во државна сопственост, со намера за идна приватизација или концесија) и ЈП „МЖ Инфраструктура“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, откако Ристески и останатите работници, по претходна пријава од нивните раководители дека ги повредиле одредбите од Законот за јавни претпријатија (1996), од Законот за Македонски железници (1998 – денес вон сила) како lex specialis и од Колективниот договор за ЈП МЖ, беа отстранети од работните места, односно им беа поделени откази – пред управниот одбор на МЖ течеше постапка по нивните благовремени приговори, по што ним им беа потврдени решенијата за отказ без отказен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)