живопис (м.)
И поткрепа имаат од прилепските и битолските првенци, и согласност од овдешните Турци, и мајстор кои ќе им ја соѕидаат црквата, и човек кој ќе им го направи живописот внатре во црквата, и камење и вар, и песок и сè што е потребно за ѕидање црква имаат дотерано на Рамник на Горник, и иако одовде до Стамбол имаат сè поткупено, и турско и каурско, одобрение за ѕидање црква не стигнува од Стамбол од султанот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Штом го стори ова откритие, тој можеше лесно да се зафати со живописот на минатото и, така да се рече, да го преосмисли неговиот историјат во проекција на оваа нова димензија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Неговиот живопис некојпат го критикуваат заради реализмот, но Музејот на современата уметност во Њујорк му ја купува сликата „Мона Лиза на возраст од 12 години“. 1966 - 1972 Ботеро ги изложува своите дела во Европа, патува по Италија и Германија, на свој начин ги интерпретира Дирер и Мане.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Затоа, тој го преобликува живописот на Кватроченто сосем налик на тоа, како што италијанските мајстори некогаш го преобликуваа античкиот живопис и скулптура.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Всушност, самата градба на храмот беше една чудесна хармонија која, штом ќе ја видиш, ти влегува во окото и однатре те осветлува. Да не зборуваме за живописот нарисуван од даровити раце.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Небаре самиот крал Волкашин порачал да си го гледа синот и на живопис?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
1. Приказната на иконописецот
„Тркнав до Бизант, царство на залез
а позлатено од живопис, од убав поубав
па откако се вратив, дали изменет
или себепронајден, како што обично бива
по далечни патувања и провиденија,
решив:
ќе ги осветлам тоновите на моите икони!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)