жолтица ж.

жолтица (ж.)

Знам оти беше едно време во Солун, та секако научи баре толку, а повеќе не ти ни требе за сега Бино ги погледна жолтиците со лаком поглед, a Димо сети како да успеа и го покани да влезат во анот на дедот Налета, којшто беше касиер на грчката организација за Мариово, бидејќи и тој беше мариовец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Свињо“, рече, закрцка во коренот; тие што беа близу забележаа дека тукушто почнал да се разболува од жолтица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Жолтицата ја сврши работата. Управникот се одоброволи и омекна.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Е, де, господин управниче! - рече Ѓорче, му пристапи и му спушти во раката една златна жолтица.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А старецот, копајќи со рацете во изворот, откопа едно грне со жолтици, што некогаш кој знае кога, и кој знае зошто, некој го беше скрил тука.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ѝ ѕвони српот, лути потта во очите, боцка осилот во грбот, а срцето е полно, преполно и секој клас ти е драг како жолтица... - зборуваше доктор Коста загледан во белите забратки и белите кошули на жетварите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Жолтица? - возбуден праша инженер Александар. - Жолтица! Со цар и царица на неа. Копавме компир и блесна, како сонце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На големо негово изненадување внатре светнаа жолтици.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со нив ги лечеше сите болести; ги употребуваше за стомак, за срце, за глава, за жолтица, за кашлица, за задув, за несвестица, за прочистување, за жолчка, за глисти, за треска, за смирување, за мајасул, за приштови и други несреќи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Еден ден дојде кај мене во училиштето дедо ти, изброи рамно сто жолтици и ми го раскажа ова што јас сега тебе ти го раскажувам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа пак зел да брои жолтици и пак откако изброил рамно сто, пак ги турнал пред стрика Никола; Овие, рекол, ви ги давам за кô ќе порасне Драганка и за кô ќе ја мажите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откако изброил на едно купче рамно сто жолтици, ги турнал пред стрика Никола и рекол Овие ви ги оставам вам за ваша издршка и за издршка на Драгана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Треварите, колку првиот црн толку вториот висок, се стиснале еден до друг, обајцата во мракот како еден, со една мисла во двоглавоста. - Жолтица, рекле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Црниот Пандил матно објаснил дека има жолтици што одат од човек на човек како летна, онаа упорна и добиточна мува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А покрај тоа, јагулата е лековита; лечи: слабокрвност, жолтица, мајасил, падавица, катар во цревата, и други болести за кои човекот не знае дека ги има...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Знаел дека го слушаат - сега е тој најмудриот, во него, заедно со желбата и самиот да е голем, расне самочувство што нема граница на траење: жолтицата пушта во луѓето жилички, им го копа дробот, пие крв, лока и сплинка и пуздра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Слепа паника. Не можев да не помислам дека тоа излегување ќе го платам со жолтица или дизентерија, треска или нешто слично.” „Треска?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа разбра - подолго време боледувала од жолтица.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Парите на Сарафов му биле испратени, но Мече тешко можел да се помири и, излегувајќи од поштата, цел час офкал за испратените жолтици.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дедото Петко за местото се пазарел со Буровица, го платил со единаесет жолтици и кога таа еден пазарен ден тргнала за Воден да му го препише местото, на Белојаса, на свиокот од патот, на најлошото место, коњот се сопнал и таа одлетала во реката. Од таму ја донеле на леса, ама мртва.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Повеќе