завештание (ср.)
Се ослободи од неа оној ден кога ја изврши желбата на Илко: кога во Месниот одбор го предаде неговото завештание: гобленот и амајлијата со дијаматното камче.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Моќната Англо-Саксонска анти-теориска традиција се докажа (за несреќа) откако се интегрираше со завештението на зборот „преведувач-слуга“ што се појави во деветнаесеттиот век, во англиските говорни подрачја.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Завештанието што го остави деветнаесеттиот век значеше и голем дел од времето што студиите за превод на англиски јазик го посветија на проблемот за соодветен термин кој би го дефинирал самиот процес на преведувањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Најнапред во своите дела венчаваа млади девојки за гробови и му го потставаа на народот изборот на смртта како негова одлука, а денес еве тоа свое „поетско завештание” го претвораат, овие жаргонски реалисти на смртта, во свое политичко дело.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Какво ли тоа завештание запишал животот во нејзината крв па сега птицата се сеќава на песната на нејзините деца и колве заумни трошки од светата трпеза на стеблото кое веќе го нема...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Била изградена во 1475 година како завештание на третиот османски заповедник на градот Скопје Иса-бег.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)