зависи несв.

зависи (несв.)

Значи, јазикот е главно физиолошко – психолошка способност на човекот и како таква зависи од сѐ што прави да се менува човекот, т.е. со развивање на еден човек и еден народ се развива и неговиот јазик, со нивното опаѓање – опаѓа и нивниот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа делумно не зависеше од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Добрите односи помеѓу Грците и нас Македонците /Словените/ пак повеќе зависат од првите отколку од нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
АНЃЕЛЕ: Ако му била добра работата. Зависи од тоа што работел. И али умеел да чува.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Прашав што треба да направам за таа средба, од која, како што мислев, зависеше мојот углед кај него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Ти дојду, господин коркар војводо, — му одговори Ѓуро иронично, иако неговиот живот зависеше од Милана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По него јаваа, двајца по двајца, другите бегови на исто така зелени, црни, бели, црвени коњи, не полоши од кадиниот Зеленко, но со внимание ги држеа поназад да не го навредат својот беглер-бег и кадија од кого што зависеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Зависи од моментот и околностите. За настроенијата не постојат формули...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И визит-картата е сега за Никола прашање од кое зависи неговото достоинство, неговиот престиж.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Тоа зависи од вас. Вие ќе ја исполните вашата должност, нели?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Да биде средено сѐ, мислеше, тоа е еден од најголемите предуслови од кој зависи дали човек ќе може да работи онолку, колку што би требало.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јаренцето можеби мислеше дека тоа зависи од него, и затоа, додека ја играа својата игра, тоа постојано гледаше кон него, но тој за сето време се обѕрнуваше околу себе, дали однекаде не се подал некаков знак, по кој ќе може да се познае дека можат да го прекинат тоа свое самозалажување. Сонуваа за тоа. ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па тој ме тера мене да помислам често дека сите луѓе отсекогаш краделе, а тоа е онаа неговата вистина, што тој ни ја наметна на сиве, така што дури и јас речиси заборавам многу работи, што ги знаев за животот, кога мислев дека сѐ зависи од тоа колку се сака да се создаде нешто, и колку труд ќе се вложи во тоа, и колку чесност и ќе се вложи во тоа, колку чесно и ќе се сака и ќе се создава тоа, и уште колку среќа ќе се има притоа, и дека не постои ништо друго, што би можело да влијае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А од него ќе зависи сѐ.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Внимавајте на секоја стапка ... Од вас зависи сѐ ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пријатно беше да се размислува за претстојната средба со дедо Иван, но во својот прв ден во колибата Бојан мораше да размислува и за нешта кои бараа разрешување и од кои зависеше неговиот опстанок, опстанокот на триесетината овци, на говедата, кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
17. МЕСО НЕ БИВА БЕЗ КОСКИ - зависи кој касап, кому и како го продал.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Се возбуди силно и во себе си помисли: „ситна работа — сламка, од која зависи еден живот“. Долго се мисли.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Читајќи некои книги останати од татко му, велеше: Човекот е најситниот дел на вселената; него вселената го создава и го повела; секое раѓање на човекот се обележува во вселената; каков ќе му биде животот на човека, зависи од времето во кое е роден и од законите што владеат во тоа време: тие му ја одредуваат судбината, здравјето и должината на животот...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А кога го крстивме, кога попот и другите луѓе се чудеа на неговата невообичаена големина, ти им објаснуваше дека и доктор ти рекол дека такво нешто може понекогаш да се случи кај некои мајки; тоа зависи од мајката, од исхраната, од движењето и времето во кое се раѓа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе