завршница (ж.)
Овде се одржуваат и завршниците на карневалот. За ова ми расправаше еден скопјанец, кој токму на ова место отворил хотел.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не се сеќаваше на завршницата на ниедно негово сослушување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше тоа една компликувана завршница со два коња.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сега навистина беше заварен од нејзината изненада со сериозна завршница.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Гита Коец едновремено го жалеше (жив ли е? каде ли е? како му е?) и го прекоруваше својот маж и во лепливите летни, и во прозрачните есенски, и во овие пусти зимски солунски мугри што се редеа во нејзините бдеења додека ја исчекуваше завршницата со неговата интернација. Ќе го види ли повторно?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
При сосем редуциран материјал, во завршница на дами, неговиот коњ (тој игра со црни фигури) е врзан и сведен до бедната улога на пион зад кој се затскрива кралот, опасно угрозен на ха-7, додека белиот лауфер може широко да се рашетува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Доцна ми стануваше јасно во животот дека револуцијата, покај примамливата дијалектичка патетика која те привлекува во младоста, во доцните години на животот принудува да се соочуваш со нејзината метафизичка завршница.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)