завчера прил.

завчера (прил.)

Се сети: чавките вчера, или завчера, или еднаш, кој знае кога, имаа кралска гозба.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сеќавање за стихотворбата Детето, синот, напиша стихотворба. Вчера. Можеби и завчера. Не знае точно тој кога.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Продолжуваше само да гледа во густите роеви снежинки, во чие што виорење не постоеше никаква разлика од вчера, завчера, чиниш денеска воопшто не беше некој друг ден, погледот пак му заскитуваше во таа маглива, бела шума од снег, еден болен човек со она чувство за умирањето во своите мускули, нараснато во него повисоко од неговите рамена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Завчера сестра ми ја закопавме со мака. Гробарите ги фрлаа лопатите и зборуваа налутено дека ваков дожд никогаш не се паметело досега.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Слушаме: лежела болна. Страдала од срце, а од завчера уште повеќе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но тие викаат, ја надвикуваат: - Каде беше завчера?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Лебот што завчера го донесе од село уште беше мек, но момченцето беше навикнато зимно време да јаде потпечен леб, па отсече едно долго, тенко парче, го стави на машата и го принесе на жарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дури и Тихир бег Јаузоски, кој, зашто Боше беше негов овчар и најдобар во Потковицата (само да ѝ го земеше вимето на сјагнета овца во грстот веднаш ќе ти кажеше кога точно ќе се објагни, дали по еден саат, дали по два дена, или по една недела) им беше многу налутен на Јанчески што допуштиле ајдутин да им го земе од постела, во тоа виде божие претсказание па помирливо рече Господ нека ви се смилува вам Јанчевци: ланилето еден ваш се вулоган паѓајќи од Камен, завчера стрика Анѓела го закопавте, ноќеска ајдути трет ви грабнале и заповеда сите возрасни веднаш да се дадат во потера по ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Завчера броев, само на оваа улица што слегува кон центарот, пет семејства набројав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Па според адетот - завчера на изгрејсонце ги вапцав, само црвени - според адетот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Едвај стасав да се соземам во мигот. Успеав само да речам: - Ми беше завчера потврден приемот за денес кај министерот, неговата екселенција Лакхдар Брахими...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„А уште завчера ме уверувавте дека христијанството е во корените на вашиот народ уште од првите години по Христа“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ги бараше дијамантите. Завчера, најпосле, ѝ ја покажав обетката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
“ Дали сум таа од завчера или таа од денес?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)