задлабочен прид.

задлабочен (прид.)

Татко ми беше обземен од овие проклети времиња на еден подруг, задлабочен начин, кога луѓето повеќе веруваа во спасот со козите, отколку од спасот со револуционерните промени.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој гледаше во земјата и беше задлабочен во некоја тешка мисла.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Двоглавиот Јанус чита некој стрип, задлабочен, фигури слични на нив седат во цвеќарница, куче, папагал, змија, сквики, интересно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој во својата задлабочена филозофска мисла го разбираше трагизмот на својот народ кој стануваше заробен во самиот себе, немоќен да се ослободи од другите, да се прелева во големи делови во нив.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Откри дека додека седел задлабочен во беспомошното размислување тој исто така пишувал како автомат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко беше најмногу задлабочен во Историјата на Отоманската историја на Балканот и на нејзините последици врз судбината на семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Пиши ми, Агна, до каде стигна со студијата. Од молкот во последниот месец заклучувам дека задлабочено работиш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И таа, како јас некогаш, ги барала страниците со специфичните белези, бидејќи Татко, задлабочен во читањето, заборавал да го истресе пепелот во пепелникот којшто Мајка го оставала пред него и го потсетувала на него.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, задлабочен во слушањето, во еден миг, тивко прокоментира: – Готово е со нас! – Со кого е готово?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
-Јас многу преживеав. Ако сум релативно млад, досега сум вкусил многу работи – со задлабочен поглед во далечината, рече за себе Еразмо. – Но, мене ништо не ми е јасно – призна, по малку срамејќи се.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во турнирската сала, пред очите на тиха публика, тој ги смислува, како сосем отсутен од стварноста, своите потези или пак прошетува со одмерен чекор меѓу шаховските столчиња, погледнувајќи ги позициите на другите табли, а изразот му е задлабочен, продуховен, и некако само од себе му се налага да ја чувствува својата важност и како случајно да погледне во публиката сакајќи да види дали се одразува на неа сугестивно тоа негово чувство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Томето задлабочено се гледаше во огледалото, како да го има цело време на светот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)