зазорен (прид.)
Разговорот стана напнат и зазорен и во еден миг сосема се прекина.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Прскаат од неа милионски искри во зазорените патишта на планината, го цепат воздухот над нашите глави и само погледите сега го следат ова нивно преселување во највисоките височини, недогледаните далечини, тајно - бескрајно.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Прскаат од него милиони искри во зазорените патишта над планината, го цепат воздухот над нашите глави и само погледите сега го следат ова нивно преселување во највисоките височини, во недогледните далечини, тајно - бескрано.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Бидејќи по природа комуникативен, натпросечно за својата средина, на Миха му беа малку контактите со домашните, со колегите, пациентите и студентите, па бараше соговорници во театарските бифиња, во Клубот на писателите и Клубот на новинарите, одбегнувајќи го сѐ повеќе Клубот на пратениците, но затоа пак не му беше зазорно да наврати во некое маалско кафуле.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)