закажан прид.
закаже св.

закажан (прид.)

Така, со време, заробени во волшепството на Новиот свет, двете половини заборавија на закажаниот повраток на врвот од триаголникот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Времето на посетата не траеше многу. Лекарот објасни дека сопругата и детето ќе го чекаат на улица, во закажано време.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој ѝ кажа на Марша дека терминот за развод е закажан. Ќе биде по десетина дена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се ближеше часот на закажаната средба во претседателската палата кога требаше на новиот владетел да му ја пренесам пораката од владетелот на земјата кого што го застапував и во која беше запишано дека се признава неговото владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На закажаната средба со идната љубена отиде со потрошена залиха на солзи.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Иако по некој период му го простив тоа и се чинеше дека за кратко време сѐ ќе си дојде на свое место, се случи уште едно негово извинување, дека не може да дојде на закажаниот состанок, во нашето, до вчера, омилено бифе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ако судот, поради било која причина, не работи на денот на закажаното рочиште, е должен да го објави на својата веб-страница и на видно место во судот, денот и часот на одржувањето на новото рочиште, а странката е должна да се информира за истото (чл. 126, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се случи на закажаниот покер во нашата куќа крај реката кога на чардакот тројцата стари играчи го очекуваа четвртиот партнер чие конечно доаѓање не беше потврдено, но можеше да дојде и некој неочекувано.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Госпоѓата што го најави концертот кажа дека и покрај тоа што Оливие тешко можел да ја прифати поканата да свири на овој божиќен концерт затоа што сите негови термини за концерти по целиот свет се закажани година дена однапред... Ја слушав Госпоѓата како зборува: ...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На крајот, сепак, се разделија и се договорија кога повторно да се видат за првиот закажан преглед во клиниката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во последниот закажан покер како четврти партнер се очекуваше еден приватен газда на неколку арабаџии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едукацијата ќе се смета за спроведена доколку во закажаниот термин на неа не се јави работодавачот кај кој била утврдена неправилност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)