закашла (св.)
(Се закашлува. Другарите се загрижуваат за него).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Молчевме, само што Петко понекогаш страшно се закашлуваше; од тоа очите му се полнеа со солзи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тој што говореше со него молкна и закашлувајќи се, ја покри устата со двете дланки.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се закашла кметот вцрвувајќи го лицето од лутина: - Скот!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се закашла. - Да не се задави? - трепереше од страв Бојан. Никогаш не се чувствувал така.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Викам да ми помине, вели Воскресија Мукаетова и се закашлува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Отвори го ковчегот и запиши сѐ што е во него, ми рекоа а јас стоев и ги слушав како буричкаат по секакви отпадоци зад мене и се закашлуваат од прав и тешки мириси што се закачуваа со лепливи шепи за нивните ноздри и бараа пат кон грлото, кон дробовите, кон многубројното дно на ковчегот од човечко месо.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сириецот се исклештува, терајќи го најмалиот, голобрад придружник (сѐ уште исплашен од приказните за крвожедната Гило што во пустелија со пајакова плунка им ја цица крват на децата сè додека не им ја остави виснатата кожа) ситно да се закашла, придвижувајќи го натежнатиот простор како леснонога искра што се впива во молчалив преграб: - Не убедувај се дека тој ќе те заштити.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Нероден Петко се начумери. Закашла. Така стоејќи со неопределен поглед, како да го јавнале две тешки планини, челото, разгораштеното тело, му се нагроздија со пот.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Кога тој не сакајќи се закашла голтајќи чад наместо воздух, човекот со лузната го погледна речиси зачудено, како да не очекуваше дека е сѐ уште тука.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Почувствував како ми се суши грлото. Се закашлав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Додека ептен не се стемнило редно е да се потроши уште некоја насмевка и да се направи уште една пируета во бескрајот на детството секако ќе има време да се забрише и правта од чевличките, малите бели чевлички па сите срамежливи погледи и палави мечтаења и сновиденија да се стуткаат како алишта во куферот има куфери што набабруваат од насмевки пред за последен пат да застанат на перонот на црната неизвесност тринаесетгодишната ханичка брадјова тринаесет пати се закашлува пред да се качи во возот кој има само последна станица ханичка тринаесет пати се сврте кон багремите кои од навика чекаат нова пролет за расцутување фрли поглед и на омиленото бело облаче на кое гулабицата неуморно павташе над седалото за недосмеани насмевки.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Се држи за гради зашто таму нешто му свири; непрекинато долго се закашлува, посинува, се гуши и никако да ја откине и да ја исплука кашлицата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)