законит (прид.)
ПОМИНА ЦЕЛА ГОДИНА, завлезе во втората откако Анѓа пропадна во харемот на кадијата, и сѐ што можеше направи тој да ја наговори да се потурчи, па да ја нареди во редот на своите законити анами, ама не успеа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сето ова во најголем број случаи, поетот не мора да го знае но, тој го чувствува, тој тоа по една законитост, по силата на својот творечки инстинкт и имагинација го прави, го созадава.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Јазикот на поетското писмо „За разлика од музичката писменост, вели О Мандељштам, од нотното писмо на пример, поетското писмо во значаен степен престставува голема белина, отсуството на многу знаци и забелешки кои се подразбираат и кои единствено го прават текстот сфатлив и законит.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И ова што јас, Јован Акиноски, за последен пат го разговарам со вас, мои пријатели и законити жители на Потковицата, и тоа ќе биде запишано внатре, јас лично ќе го запишам.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Другата доминантна тема–идеја во романот, која произлегува од претходната, е, всушност, самиот феномен на козите што се наложува и од еден антрополошки аспект при што авторот, натаму, низ својата сугестивна моќ, а никогаш експлицитно, и соочува со релацијата на човечките законитости кон светот на реалниот живот, што значи дека без кози, ќе нема млеко, ќе има недостиг на храна, ќе настапи глад итн.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Со познавањето на нејзиниот запис, можеме во склад со „теоријата на единственото поле” да влијаеме на половиот организам со такви физичко-технолошки постапки што се во склад со идентитетот на за половоста релевантните супстрати и на нивните законитости. okno.mk | Margina #22 [1995] 111
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Посебно неговиот Кирилов од романот Зли духови, заговорник на тезата за спасот на човековата душа низ апсолутното почитување на законитостите на еволуцијата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Министерството на љубовта, кое ги одржуваше законитоста и редот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Освен што Нико пишува многу поединости, покрај другото и во врска со случајот на стариот со паштерката во Цариград кога вели ’Тој ги посрамотил сите наши чесни домаќини’, па и она што е познато во врска со неговата Ерменка и односите со неговата законита жена во Маказар, тој во новиве страници што ги најдов спомнува дека Никола, по убиството, бил фрлен скраја во гробиштата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се разбира, станува збор за дела на даровити автори на кои зборовите им се поклонуваат и подредуваат по законитостите на книжевната убавина.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
г).
Црна,
студена и бистра
како твојот поглед
сведочи дека
законитостите на дијалектиката
се очевидни
или
сакам да кажам
твоите очи
ги објаснуваат
моите.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
_* (Мундологијата е мултидисциплинарна наука која се занимава со најопфатеното истражување на светот, истражување на состојбата и влијанието на околината на човековото индивидуално и групно однесување. Науката на законитостите на однесување на човештвото)
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
За регент на Царството, и покрај двајцата законити наследници, бил избран Антипатар.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Ова, последново, пак, го обврзува законодавецот да формулира прецизни, недвосмислени и јасни норми – бидејќи само таквите норми можат да претставуваат солидна основа за законито постапување од страна на судските органи.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во вршењето дискрециони овластувања секој избран или именуван функционер или службено лице е должно одлуките да ги донесува совесно, водејќи сметка за сите факти и околности на конкретниот случај и за начелото на законитост и справедливост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Конгресот беше еден од обидите да се оспори законитоста на АВНОЈ и да се мобилизира светската реакција во одбрана на четниците на Дража Михаиловиќ. 112
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)