закоравен (прид.)
— Вие сте ја заборавиле својата класна припадност, вели, вие сте закоравени националисти, вели, го губи умот од бес. „Само во празна глава не можеш ништо да туриш, велеше дедо, а празното најдалеку се слуша.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Потоа доаѓал мигот кога дното на тркалото се одвојувало од закоравеноста со железни лостови, претпазливо, со точна сметка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Иако секогаш мислел дека светот со секое утро треба да се менува, не само закоравениот ред туку и сè во тој ред, од мирис до звук, од светлост до облик, сега се побунил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И дека Јехуда, онака молчлив, трпелив, тивок и сочувствен веќе длабоко зацапа во четвртата деценија од животот и дека, заборавен во дуќанчето и наведнат над старата „сингерица”, полека но сигурно станува жртва на сите нивни згрешени судбини и закоравени заблуди.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Погледнете ѝ во очи на осамата Погледнете ги слабоста и мааната Посакајте ги совеста и доблеста Не е животот чаура тесна Ниту енигма за вас прелесна Улогата ваша никогаш до крај не е доиграна Не поклонувајте се пред време Завесата сѐ уште не е спуштена Сѐ уште не сте спремен Да чекорите без трема Да излезете од закоравената лушпа Во која со векови се дреме...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
(...) Да не мислиш на неможноста со сигурност да се излезе еднаш засекогаш од вителот на семејните трауми, „вини на предците“ и закоравените предрасуди, како во добар дел од расказите?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Огромна и закоравена санта мраз пливаше во мојата утроба и бев свесна дека ќе потрошам многу огрев за да се растопи.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)