залие (св.)
Сонцето се извиши високо над Беласица, припечувајќи силно и заливајќи им ги лицата со пот.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Девојките молчеа како кипови, залиени. Проклет да бидам, залиени.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ќе го викнат на разговор, молчи како залиен, ќе му кажат да молчи, збори како навиен.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
А во меѓувреме силувај и анатемирај. И залиј го тоа обилно со мрсен хумор.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)