залп (м.)
На Пуловец, на границата, им „удри еден залп" на Србите што бегаа за Грчко и со две три момчиња, свои роднини, слезе до Бешишча и му отиде на поп Илија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На еден знак од поп Јакова пукнаа залп од стотина пушки, а од карпите се разнесе страшна викотница како онаа есеноска од врбјаците на Светецот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се заниша танецот од опсадителите. Последуваа уште неколку залпови од турскиот аскер.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Но во тој момент се истури залп од десетина пушки од аскерот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По него отворија залп и другите Толеви четници, та дури и Ќосото не можеше да се воздржи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се разнесе грмогласно „ураааа!“ од четиристотини грла и залпови од пушки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)