замавне св.

замавне (св.)

Ја крена Кузман сабјата па одлево и кратко ја замавна врз врагот клет на она место кај што гордо гркланот на вратот над телото се подал сет.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тоа рече Божин и замавна со остенот на штркот, та беше го удрил по десната нога.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
ТЕОДОС: Ајде, кога ти велам, дим да те нема, зашто... (Го крева шишето и замавнува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Поминувајќи покрај него, Мече го погледна ѓаволесто и замавна како да ќе го удри со лакт во слабини, а кога тој уплашено се изви на страна, Мече се исмеа слатко и потрча по Белича, кој што беше изминал подалеку по патот за бригадниот логор.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Бесно замавнував со копачката и го потсилував ортакот, тогаш мој, подоцна на ѓаволот. - Подлабоко, подлабоко, Кузмане.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Старецот замавна и со страшен крик на бледите усни го спушти стапот преку грбот на Кузмана.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Замавнуваа една кон друга и се судираа како да ќе се борат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се качи на самарот, се исправи и, држејќи се во левата рака за ногата на Ристета, со десната го зеде секирчето и замавна по ортомчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овој се налутил та со секирата што ја имал в раце замавнал и го отепал човекот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ах, - пристори Луман и од бес што не ќе одмазди за својата смрт, со последните сили што му останаа во снагата, замавна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Заради грст гладиоли ли замавнувам со нож на некого во секој час?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мислеше дека ќе крикне, ќе замавне, ќе одмазди нечии три исечени маслинки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред тој да замавне на мене со зелен нож, натопен во зелен отров, истрчав од собата но, заслепен од пламенот, не ги најдов басамаците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Марија, ќе убијам, говорев ноќе по твоето бегство, се колнев пред онаа киклопска глава повикувајќи ја како сведок дека ќе си достојам на зборот, дека еднаш ќе замавнам со нож на некого и дека со бел отров во очите, како оној во детството, само со очните белки, ќе испитувам дали крвта личи на сок од малини или е грев на мракот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ја слушна и последната строфа од песната, ја запре свирката и ѕверски и се впи во очите: зовре од гнев и лутина, та замавна и силно ја удри со тамбурата по глава.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Замавнало маченцето со опавчето и ја соборило мувата на земјата. Потоа со ножето ја згазнало.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се заврте, Отец Симеон и не стигна да замавне. „Курвино семе“, рече фатен во заседата на својата крв. „Курвино семе.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Заборавен за тоа што е околу него, паѓа на колена, вцрвенетите клепачи ги разголуваат зениците стаклено сини и раката замавнува и со секој удар во празнината ги свива силно усните.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сувиот долг прст замавнува и светлината во очните дупки станува самрачно сива.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Комарец еден остро свирнува покрај увото. Замавнува во преграб. И овде ли треба да се брани?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе