замавнување ср.

замавнување (ср.)

Но, Илија со едно замавнување со десната рака, во која го држи ножот, ги одстранува обете и тие продолжуваат да си ги кубат косите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ја гледаше како се просребрува, иссвирувајќи пргаво низ дебелиот трупец, ја гледаше како тоне во неговата длабочина, сѐ додека не можеше да ја префрли преку себе првата вита штица, што ја извади; можеше притоа многу лесно, со сите примитивни лостови, од кои беше самоделски направен целиот тезгав пред него, уште во првиот следен миг да ги упати замавнувањата на таа подивена челична стихија во она место од трупецот, каде што му беше потребно нему, а пилата го послуша и писна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Всушност тоа секогаш беше само едно од тие дрвја, кое ќе стореше само едно движење, едно такво движење како кога се сонува тежок долг и морничав сон, и секогаш тоа беше само една ветка, што се исправаше нагоре како празна дланка во несвесно замавнување што оттурнува нешто од пред своето лице, додека под неа се ронеше истресениот окит.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тој беше тука и знаеше да ракува со сето тоа така, како целиот тој механизам да беше просто продолжување на неговите прсти и, ни тој, ни бичкијата, не мораа попусто да се трошат во ниедно непотребно замавнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можев да видам низ сивожолта зачаденост како бодат и како сечат крвави и песоглави и знаев дека тројцата Турци дојдени во селото под знак на своја ламтежлива правда не личат на себе - разлеано месо и бедни крпи се под сенките на ѕверосаните луѓе што се здружуваат во глутница кога се борат и самите за своја правда, и можеше да се поверува дека од криците и замавнувањата пукаат плитарските ѕидови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земеме парче железо продупчено од една страна, или голем фишек, го наполнуваме дупчето со барут, потоа со тап клинец врзан со жицата го затвораме дупчето со барут, а потоа со силно замавнување го удираме клинецот од камен; тој удира во барутот и предизвикува силна експлозија.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И додека кажете: „Вујче Ејнар има зелени крилја“, тој веќе едреше ниско над својот имот, влечејќи ги зад себе алиштата како виножито, како лелеава лента низ лепетните удари и замавнувањата на своите крилја. „Фаќај!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Брзата струја го поземаше, го вртеше околу коренот на врбата, го пикаше во муљта долу, само не можеше да го излаже, тој ѝ ја дозволуваше на струјата таа игра само затоа што му беше убаво, оти му ги разбркуваше сите мисли од главата, остануваше само една: да не биде прелажан, навреме да насети кога таа сака сосема да го сплетка во жилите на врбата или муцката да му ја напика во тињата, ама тој тогаш со едно турнување со нозете и со едно замавнување со рацете како ѓуле излетуваше на плиткото веднаш зад врбата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сѐ заврши со еден благодарен, скоро срамежлив поглед на Гаро упатен кон неа и со благо замавнување на опашката.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Со едно замавнување на левата рака милиони Чеченци заминуваа од Кавказ, со десната рака на половина Европа го покажа патот на комунизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Но, како да сакаше да каже: „Застани! Закочи! Не сум откос кој треба да падне со првото замавнување".
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со силни замавнувања настојуваше да не биде вовлечена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)