заматен (прид.)
На главата имаше голема бела чалма, очите убави помалку заматени и страшни, а брадата му ги покриваше градите дополу.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
На источниот ѕид од колибата беше мало прозорче, со заматено стакло, низ кое одвај се пробиваше дневната светлина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Чувствува сонцето ќе му ја зовре главата. Погледот му е заматен и искри гледа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Од средината на купот се подаде главата на нивниот татко, долго се креваше над купот, како да доаѓаше од некој друг свет, како никогаш црн во лицето и со заматен поглед во очите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Бабата Перса се радуваше со неа како со вистинска, нејзина внука, додека пак на Пелагија радоста постојано беше заматена од некаква невидлива и далечна закана.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Крени ја главата, ќерко, нема кој да ти простува освен еден Господ и една Богородица! и со двете топли дланки го поткрева мургавото лице на Пелагија кое е наквасено од солзи па блесокот на очите е заматен.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
АНДРЕЈА: Поминуваат покрај нас зад заматени прозорци и нѐ гледаат како да сме муви во маќеница.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Неговиот лик е заматен, но го носи мојот шешир, а јас пак над сакото сум ја натнал неговата хавајка.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Водата се смири и раскажува (на оние што сакаат да слушаат), а Огнот, кој на денешен ден пред многу години го запалиле, една грда издупена кофа, со малку заматена „водичка“ го изгаси.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Првин се меси тестото, дел за подлогата, а дел се сука за покривање на вметокот, кој се состои од сосот на вареното пиле и три до четири заматени јајца.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)