замириса св.

замириса (св.)

Вистина, класјето пак се занишаа но го кријат ланскиот траг и нѐ чекаат ведри да замирисаат вашите насмевки пак.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Целата куќа така замириса како да беше градина со расцутени трендафили...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Обичните веќе имаат пупки - скоро ќе развијат и ќе замирисаат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секој миг се очекува да насрне пеколот, а после - се знае: ќе се сневиди сѐ она што со векови се создавало, ќе замириса воздухот на пепел и јаглен, а по малку ќе останат само урнатини, поцрнети и голи, што нема ќе сведочат за доживеаниот ужас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Времето се отвора и на прастар збор го одгатнува Лузна по лузна и рана по рана записот на душата И зошто земјата замириса на мене.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Кога лебот доволно се натопи во маслото и во колибата замириса на пржено, Бојан изрона одозгора и парче сирење, па пак ја стави тавата на огнот, убаво разбркувајќи го со лебот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А од јаболката донесе тука за да замириса одајчето на убаво.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тропаа пополека или во налети по покривите од куќите, му отвораа поткожни дупки на езерото, ја раскашавија земјата, ја скиселија: замириса на комина, на гнилеж, на лигави кожи; го заборавија луѓето сонцето како изгледа, изгревот, залезот: темен почнуваше денот, темен звршуваше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се смрди селото од риба; замириса сѐ на риба: и алиштата и постелите по куќите, и садовите, и водата за пиење, и млекото, и здивот на луѓето, и изметот; ги солеа луѓето, ги ставаа во грнци, во каци, во сѐ што имаа, ги сушеа, а скапаните им ги фрлаа на мачките што се накотија и изнадојдоа од сите села: мораа после со пушки и со отров да ги ништат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сѐ оживеа во природата. Дрвјата расцветаа, замириса во воздухот на убаво.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Сега сликата веќе не е слика: звукот на зборот, бојата на зборот и, особено темјанот се кријат меѓу буквите, меѓу редовите и сѐ одеднаш замирисува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Вполноќи некаде, легнати на брегот, ја бакнуваат својата света почва во која ништо не догорува и слушаат како шкрипи на ветрот некоја подотворена врата, И замирисува некој исушен цвет во заклетвите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Макар што рамнината и правиот пат, кој наместа намерно завива, за да ја измени едноличната панорама, треба да го чини здодевно патувањето, особено ако трае подолго, не е такво ова патување на север, кое уште од Брисел замириса на море.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Навистина, сѐ уште не го скорнале сиот снег од Потковицата, сѐ уште се белее на Чауле, на Самовилец, во усоите и негдегоде низ орманот, но небото се отвори, земјата затреви и замириса воздухот, па уште од раното оживува полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Легна на железниот кревет на кој имаше само сламарица која му замириса на гумно, на летна жетварска ноќ, на 'ржаница, на разни тревки и билки како да дише огромна билна аптека; и дишеше лакомо, среќен и задоволен како дивеч што соочен со хајка и смрт, успеал да си се врати на своето старо и сигурно легло.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога ќе ги подотвореше питите, оттаму ќе му замирисаше тестото на домашниот леб од детството што го месеше баба му и го печеше во домашната фурна двапати во неделата, а го држеше во дрвен сандак на ногалки и со дрвени шајки, покриен цело време (лебот) под цедило, ни исушен ни стврднат со денови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ги успиваше пламенот на огнот па молчеа, а почнаа да се расонуваат кога огнот се разжари и замирисаа стапчињата на кои возачот ја вртеше рибата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајката Перса ги послужи со кафе и слатко. Не со пржен јачмен, туку со вистинско кафе од што замириса целата просторија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Па, да ти кажам искрено, Ема, - Ирена тука малку подзастана за да згазне врз една празна лименка фрлена на патот, а потоа да скине ливче од грмушката што растеше до тротоарот, - понекогаш по малку навистина замирисуваш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Од резиденцијата под Водно замина одамна, кога тука замириса барутот и се најдовме пред портите на една контролирана, но сепак заканувачка етничка војна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе