замолк (м.)
Навистина има шармантно лице овој Левантинец од германски род, си помислува Мертен и станува да ги остави домаќините да го издискутираат неговиот смел предлог. На средбата наредниот ден му приговараат дека сумата ги надминува економските можности на еврејското население. Доктор Максимилијан Мертен дава впечаток дека длабоко размислива, создавајаќи замолк кој трае толку долго што стежнува во просторијата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа го следеше неговиот безизразен поглед и во неговиот замолк утврдуваше дека ништо, ама баш ништо од советите што и самата му ги дава, не допираат до него.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сабетај Салтиел во неа, покрај тешкиот замолк на присутните од неговата делегација, го чувствува присуството на цели дваесет генерации покојници, нивни блиски и дамнешни предци.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)