замолчен прид.

замолчен (прид.)

Само в крчма се опушта, па се загрева однатре и се растопуваат стегите што го држат во замолченост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во градите го притискаше маѓепсната замолченост на сета вештичка шума, а колку се искачуваше погоре, празнината во стомакот почна да му се извива во една тапа болка, која одвреме навреме знаеше да му го згрчи и целото негово тело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие сега гледаа во него, онака замолчени и го сеќаваа истото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Немее птицата меѓу ребрата вгнездена, Тивнеам и јас во ноќта ѕвездена, Што сум јас без птицата, што таа без мене, Двајцата замолчени, онемени, приземјени?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Тој гледаше со полузаклопени очи, низ арабеската од железната конструкција на рекламата, бесмислено распната на фонот од вечерното небо; седеше недвижен и замолчен, со жената покрај себе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Долга е зимата Светлината ја нема: Ме има. пуст облаку Замолчен Живеам и Одвај Тлеам.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Најпосле, поттикната од неговата замолчаност не можев да се воздржам, се развикав: „Проклет да си Руски, не мора се да оди по твоето; најважно е автомобилот да не излезе од дворот, бидејќи потоа никогаш повеќе нема да го прибереш“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Партијците уста не отвараа, ниту се спротивставуваа, ниту одобруваа. Седеа по канцелариите замолчени и исплашени од мечот Господов што веќе висеше во воздухот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но присутните, додека таа зборуваше мојата замолчаност веројатно поинаку ја толкувале.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веќе сум уверен дека тој токму во моментите на таквата моја замолчаност му се посветува на она негово упорно копање низ внатрешнината на моите помисли и тоа само со сврдлињата на сивите како челик очи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Додека копа и тој молчи, но во замолчаноста внесува прилична загриженост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе дуќани почнаа да се затвораат, дуќани на рисјани и дуќани на Турци, а оние што останаа отворени ги голтаа во својата длабока темнина главите на замолчаните дуќанџии.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И го управи замислено погледот надвор од сарајот. Замолчан.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Атмосферата во домот беше поведра, иако сите ја забележуваа замолчаноста и отсутноста на Јаков што траеше со денови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Окупирани од сите страни! Замолчени од странските пропаганди и нивните балкански сојузници, ретко кој им веруваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Живот свој живеј, почни веќе еднаш, почни веднаш, вистина да гледаш, престани замолчен да бидеш.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
На лицето на малечкото ангелче се појави грч, малку поразличен од оној претходниот што беше замолчен со белата течност која сѐ уште се цедеше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Прв се огласи замолчениот Камилски: Во просторот на источниот дел на градот постојат белезите на некогашните маала, остатоци од некогашната административна поделба на градовите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Токму затоа, со право можеме да заклучиме дека правата на работниците се наоѓаат помеѓу чеканот и наковалната, постојано на удар од ниските плати кои не секогаш ги добиваат, прекувремената (неплатена) работа, небезбедните работни места, прекарната работа, замолчените синдикати и слепите институции, а законите кои треба да се подлогата на која тие стојат и која треба да го спречи ваквиот удар, воопшто не го прави тоа, туку напротив со многубројните измени на легислативата само го олеснува понатамошното обезвреднување на трудот на работникот, кој се претвори во обично средство во работниот процес.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)