занаетчија (м.)
Седи по цели недели и месеци без работа, игра папски, дама, пишува писма; некои занаетчии наплетоа кошници и табли од врбите и им ја собраа сета сланина на витолишките баби и невеста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Штета ќе е од него да стане еден ништо и никаков занаетчија.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На едната страна беа децата од чивчиите, занаетчиите, бавчанџиите, и чифлигарите, кои живееја во Варош-маалото, а вториот “табур“ го сочинуваа децата од беговите, агите и чорбаџиите, кои живееја во Долното-маало.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
И кого јас уште го слушам, освен гласовите на природата и на мудроста? Гласот на сите занаетчии и мајстори.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Многумина од нив, особено занаетчиите, се снашле добро и печалат, создале свои домови, семејства, изродиле деца, со еден збор водат нов живот, нешто поинаков од тој во нашата земја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овие луѓе од суренскиот хотел, речиси сите се занаетчии и имаат подобри заработувачки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Додека не ги „фаќа“ лудилото, како што велат луѓето, тие се мирни, лежат под стреите, си подаваат цигара, се шегуваат, намнисуваат, но кога ги „фаќа“... тогаш „занаетчиите“ најмногу лудуваат, стануваат опасни, а оние што навистина се болни, лежат овде-онде, удираат со нозе и раце, копаат со петиците, со нокти си ги раскрвавуваат образите, се превртуваат и пена од устите им тече.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Биле вешти занаетчии: за малку леб од вршник, варен компир, изварка со лути пиперки или пресолена пастрма, ги прекројувале нагнилите куќни покриви, ваделе за две деца беневречиња од стари таткови или дедови тулуми од тежок валавичарски шајак, крпеле или делкале нови каци, крбла, корита.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Имаше опасност, според нивните согледби, козите да ги зближат „спротивставените класи“: занаетчиите и работниците, приватниците и службениците, верниците и комунистите, поразените и победниците.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не можеше да разбере зошто се затвораат занаетчиите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Револуционерните занаетчии, спротивно на тоа, тврделе дека идеална чевла не постои, како ни непроменливата форма и дека тие самите треба да пронаоѓаат нови форми на чевли и постојано да ги усовршуваат.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Работата почна приближно вака: револуционерните занаетчии на доцната ренесанса веќе не сакале да му дозволат на бискупот да пропишува „чесни цени“ за нивните производи.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Финансиите се за сиромасите, не за нас“, со длабок глас, бавно како крвник и свечено како проповедник, соблечен до појас и наметнат со бела прегача, како ковач или месар, како занаетчија- мајстор накусо, грмеше на сцената на Цанкаревиот дом Петер Млакар, членот на Одделот за чиста и практична филозофија на Neue Slowenische Kunst, дружина 1983 г. создадена од музичката група Laibach, ликовната група Irwin и Gledališće sester Scipion Nasice (подоцна Kozmokinetični kabinet Noordung).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Оваа демократија е само една контрареволуција на селото врз градот, на неписмениот врз писмениот, на лошиот занаетчија врз добриот. Ете тоа се случи, и ништо повеќе, господа. Шифра: Соломон 909
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ги возеше занаетчиите по градовите; и нашите, и Евреите! И богами, убаво заработуваше.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Занаетчиите, дуќанџиите почнаа да ја забораваат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во гратчето го нарекоа Луда Мара, зашто знаеше и да им ги поплави дуќаните на занаетчиите и магазините на трговците, во чаршијата на двата брега од реката.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Како и секој стар градски занаетчија, Ружди берберот длабоко ги почитуваше даскалите како учени луѓе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Кога ќе излезеше во чаршијата, ако ќајата на занаетчиите не го отпоздравеше, тој помислуваше на пизмата од Тодора, која ете, го следи и надвор од дома и му го поросува патот со остри срчи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ќе поминуваш низ чаршијата пред богати занаетчии и градски првенци, и сите ќе те пречекуваат со аферим' ибн Бајко“.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)