занемарлив прид.

занемарлив (прид.)

Што стана со тој обид и, воопшто, какви се шансите тој не баш занемарлив проблем да почне да се решава современо, ефикасно и цивилизирано?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога сме кај сметањето, да ви кажам дека во циркусот опсесија ми стана пресметувањето на волуменот на чаши и пехари; ме интересираше колкав е волуменот на еден женски папок, штом толку ѕвезди собира во него, и какво жестоко небесно питие има во папокот на жената при парењето, штом толку жестоко опива тој пијалак, сосема невидлив, занемарлив кога се изразува во единиците за волумен); значи, тие имаа простор, ние дел од него; ние бевме прогонети од големото на малото небо, а нѐ прогонуваа такви како Луција, како Фискултурецот, како подоцна и Земанек; така беше тоа и беше – утешно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури и кога правата беа намалувани по малку, незабележително, кога ќе се набљудува тој процес кумулативно, ќе се забележи дека се работи за далеку од занемарливо намалување на работничките права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А самото намалување на ригорозноста на казните, како што ќе видиме, не беше воопшто занемарливо.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Дури и кога правата беа намалувани малку по малку, навидум неосетно и незабележливо, кога ќе се набљудува тој процес кумулативно, ќе се увиди дека се работи за далеку од занемарливо намалување на работничките права. 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)