запознат (прид.)
— Не сме запознати, велат, прашајте ги оние онаму.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Да не беше тоа прва наша средба и да го имав запознато Игбал така како што сега го познавам, сигурно ќе го замолев да ми објасни подетално што се тоа западњаци и источни цивилизации, ама таа ноќ, тогаш, не сакав да помисли дека сум незнајко, па решив утредента да го прашам брат ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
„Дали си запознат со патописот на Барт?“, ме праша.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)