запретан прид.

запретан (прид.)

Ете, толку години поминале, а меракот трае и тлее како запретан жар во срцето... И само пече и боли.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да види дали таму, запретан под сувите лисја, презимил неговиот пријател и сосед, со кого не се имаше видено од октомври.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ги отфрли од себе дебелите волнени черги, се наведна над огништето, го распрета од синоќа запретаниот жар, фрли врз него пет, шест суварки, раздува малку и го остави огништето да чади.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Селаните ги симнаа белите шамии од главите Добитокот грозно рика запретан во пепелта на летото И гласот му се престорува во ракопис на дожд.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога влегуваше во училницата ја ваѓаше книгата а потоа трпеливо им читаше на децата За секоја педа на нивната татковина: За огнот на нејзиното име кој исцелува сѐ, за ветриштата што ја нишаат земјата пролети, за неопходноста постојано да се наслушува говорот на коските запретани во неа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А мораш и огнот да го чуваш, да го криеш во некоја гламна, запретана во пузата, во пепелта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мангалот на средината од собата е згаснат и запретан во пепел.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мене веќе запретан ме гледа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Татко ми беше задоволен што бунарот не беше запретан.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но бунарот денес е речиси запретан.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Велат Пандо таа ноќ преспал запретан во слама во племната, ама кој знае.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Препознаваш во него нечии живо запретани зборови во пепелта. Големиот камен, тој, кој ја прицврстува душата на предците. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Самува сега Големиот камен запретан во огништето крај тланикот - тајна врата низ која одминуваат ветровите на историјата.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Под пепелта жарка запретана - ама, да не згасне. Да не се олади огништето.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Домата не ни е разурната. На огништето има жарка во пепелта запретана. Ќе го разгориме огнот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Ја нема мајка Петра - саде таа имала Господова дарба да пронајде жарче во пепелта запретано и од него огон да разгори.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)