зарие (св.)
Ти роди до две имиња славни – чеда и моќ на цел еден свет, кои во дните најтешки темни зарија нож во варварски век.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Ако ја изневериме, камата да ни се зарие во нашето срце, револверот нека го пробие нашето машко чело! Смрт или слобода!“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Се свртуваше и со насолзени очи ја зариваше главата во перницата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Звучно се зарива сечилото во снагата на шумата.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Скокнав, му ги зарив забите во вратот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Понекогаш, така легнат, ми ги зарива забите во ногата. Доволно болно за да вриснам.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Размислував за него како бесно работи и работи во бавчата, со лицето што беше скоро зариено во земјата.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Капетанот умре. Големите кристални микроскопи започнаа да ги набљудуваат црвените снопови од мускули; металните прсти се зарија во срцето што сѐ уште работеше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И во мигот на радоста, одекна зад него истрел и сети како куршумот му се зари во грбот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Го чекаме гласот на куршумот, најверојатно со мисла во себе Во мене ли ќе се зарие!?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Една игла се зари во надлактицата на Винстон. Речиси во истиот момент блажена, лековита топлина му се разли низ целото тело.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сесијата очигледно беше завршена. Иглата се зари во раката на Винстон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Логотетот се насмеа гласно, а тоа смеење му се зариваше на отец Стефан во срцето; жилата му скокаше на вратот и во еден миг помислив дека можеби ќе пукне и ќе почне да прска крв на сите страни.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се пареа како животни; таа стенкаше и бараше да се зарие во неа до коска; токму така, до коска; Фисот стенкаше, мрдаше со голиот газ, а Луција бараше уште; во еден момент, таа ме погледна и рече: „Фис, некој нѐ гледа“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Крај мојата глава профуче куршум. Се зари некаде во куќата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Свекрвата се насмеа. - Си помисли дека ќе ѝ ја земеш чинијата, душичка ненаситна таа, - се кикотеше мајката, но јас знаев дека мачката само сакаше повторно да си ги зарие ноктите во моето месо.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во миговите на најголемо задоволство ги заривавме забите еден во друг.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Во мене будеше сомнеж, како кога облекуваме најфина ткаенина во која останала забодена игла и неочекувано ни се зарива во телото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)