засегне св.

засегне (св.)

- Ако ме познаваш, познавај ме, се согласи човекот. - Тоа мене не ме засегнува. - Не, не... Навистина те познавам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
До пред малку мислев дека станува збор само за тоа како најефикасно да се убие Ѓорче Петров и тоа навистина не ме засегаше.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сите кои имаа можност да ги видат, а можеше секој од Потковицата да ги види, беше само да отиде дома кај Акиноските и на надлежиот за тефтерот, по правило тоа беше најстариот од нив, да му раскаже нешто кое навистина се случило и кое ги засегнуваше сите од ред во Потковицата, остануваа стаписани од големината нивна (собрани на куп, со тевтерите можеше да се наполни доволно еден дел вејнички куфер) и од писмото во нив: беше чудесно испишано и украсено со разно-разни шари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ликсур, разбираш ли?“ „Разбирам. И пак не ме засега. Не сум падар да бркам јарец од туѓи ливади.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој плукаше во огнот и раскажуваше, оние што не му веруваа не го засегаа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето што го виделе како се скаменувал пред тоа на прагот на чудесната жена по која уште неколцина со извртени очи дишеле забрзано и го следеле како чекори и мавта со рацете како пред бескраен лет, не го засегале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Патем се чувствувам како некаков женски Дон Кихот кој сѐ уште е засегнат за својата Убава Книжевност, во време кога таа го менува својот лик, кога нештата се мерат со етикети, а не со содржина, во време кога и Литературата ја прекриваат со имињата на нејзините произведувачи. Armani, Eco, Toshiba...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ја најде пурата на Ризо и ја запали; лицето ѝ трепереше на светлината од пламенот и имаше нешто во нејзините очи што можеби беше ужасувачко и задоцнето сознание дека она што го засега овој особен орач беше подлабоко од сезонските промени или сомнителната плодност, особено откако претходно сфати дека нејзината моќ на давање не вклучува ништо над или под следниов список на предмети: ножици, сатови, ножови, ленти, врвци; и затоа кон неа го имаше истото она сочувство како кон хероините на секси-романчињата, или кон исончаните но импотентни ранчери-позитивци од вестерните.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Фактот дека кравата секако би се вратила кога навистина би почувствувала потреба да ѝ се потегнат вимињата воопшто не ја засегал Брунила Вексли.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Глобалното Село каде што сите сме заедно, се употребува како метафора за тркалезната маса на која се собираме за да разговараме за сѐ што нѐ засега. Rheingold ја анализира состојбата на CMC (компјутерски посредувана комуникација) и пишува за зависниците од различни системи: минител во Франција, кампус мрежите, xxx, bbs (само за возрасни), во центарот на Небиднината.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Тоа тебе да не те засега! Впрочем, што бараш од мене?“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Она што најмногу го засегаше, како еден вид ноќна мора, беше дека тој никогаш не разбра сосем зошто се прави таа огромна измама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Освен таму каде што засегаше во нејзиниот живот, таа не се интересираше за партиската доктрина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако воопшто е можно некогаш и некаде песната и да исчезне, бездруго нејзиниот крај ќе го засегне јазикот, барем толку колку што јазикот бил засегнат и со почетокот на песната.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но зарем тоа толку многу го засегаше? Го засегаше само јасминот, пулсирањето на неговата значајна порака.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се разбира, јас не ги познавам ниту албанскиот, ниту македонскиот јазик, но ќе бидам загрижена доколку мојата забелешка би го засегнала вашиот преведувач, но еве за што се работи!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тогаш ќе беше во ситуација на оние што ги определуваат принципите но се далеку од тоа да ги засегнат во некаков вид подробностите од нивната примена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Овие зборови на старата сосем не ѝ требаа - што ја засегаа неа најпосле моите чевли? - а мене сепак ме онерасположија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Инаку, законот главно ги засега работодавците, зашто тие се оние што ги уплатуваат придонесите од задолжителното социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Овојпат, промените во законските одредби ги засегнаа невработените лица кои имаа право на паричен надоместок врз основа на стаж на осигурување над 7 години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе