засекува несв.

засекува (несв.)

Околу пладне патот се засечува во подножјето на планината.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И навистина, додека ја отклучувам вратата од станот, сосем непредвидено, ме засекува женска смеа.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Му засечува една нога па му ја надува кожата кај засеченото. За да се дере полесно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лазам со ножот в раце, засекувам во темницата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се засекува и тоа ја прави подлабока.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со едната рака засекуваш танок лист од момирокот, а со другата го поземаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во водата се засекува светлината, сосе куќи, сосе покриви.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Првпат криковите на црните птици беа осамени во просторот, реско ја засекуваа тишината, кобеа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој, кој беше пред сите во херојската татковинска задача на протерување на српските дојденци, натрапници, тие опинчари и „шиљоглавци“, тој кој најдлабоко засекуваше кога од здравото, европско, католичко, илјадагодишно хрватство требаше да се отстрани туѓото тело на балканскиот примитивизам олицетворено во српското малцинство, се најде во улогата на својата жртва.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
По оваа напнатост, гласот на учителот ја засекува тишината како нож.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тој удар засекуваше преку една искрена љубов.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во засекувањата на воздухот кои ги правеа движењата на Рајнер, во сенката на неговиот поглед, во ехото на неговите зборови, се откриваше нешто што наликуваше на потекување на крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но сега, новата болка ја засекуваше старата рана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)