засилувач м.

засилувач (м.)

Јас веќе почнав да го вежбам тројното салто на палачинката, го вклучив засилувачот да се загрее и го подготвив твојот омилен репертоар на стари, забавни, македонски, најубави...
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Во врска со тоа веќе течат истражувања на посебни нервни засилувачи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На него имаше микрофони и засилувачи поставени на четири дебели навојници во аглите и безредно поставени микрофони врз рѓосаните фрагменти.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
(Дневна соба во трисобен стан. Во собата расфрлени инструменти, електрична опрема, расклопени звучници, засилувачи, звучни кутии, алати. Полни пепелници, празни чаши и шишиња.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Приоѓа до еден засилувач. Го разгледува. Го вклучува.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
(Собата. Вечер. Матеј поправа засилувач. Мира пишува. Американецот се подготвува да легне во вреќа за спиење. Пауза.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Иако звучи едноставно, тоа не беше ни малку лесна работа во оваа соба натрпана со компјутери, засилувачи, вентилатори, телевизори, ламби и фенови за коса.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)