застоен (прид.)
Таа крв, како што верува со едно крајче на свеста но без страв и зачуденост, ќе потече низ неговите ноздри или низ устата полна со врел и застоен воздух, Пламените пци не го лижат со врелите јазици, Се собираат над него и ги забуцуваат усвитените муцки во неговата отворена утроба, се хранат со неговата глад, со неговата жед.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ноќниот воз, во оган и бес истрелан низ шините, се издигна и исчезна над студената земја кон север, оставајќи црн чад и пареа за да се растопи во застоениот воздух, неколку мига откако мина и замина засекогаш. 90
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
А Баге, пак, сиот во модрици, од глава до петици, небаре паберка од модар патлиџан што го фатила зимска слана, така што кога го исправаа на нозе чувствуваше болка по сета снага, почнувајќи од табаните, натечени како ленени снопови во застоена локва, па до темето каде што во некој агол од малиот мозок уште му догоруваше кандилцето на свеста.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Откако одлучив да гладувам, додека не пребледнам и премалам до онесвестување (а во донесувањето на ваквата одлука НЕ играше улога наближувањето на летната сезона и тековниот тренд на топлесот и тангата), преместувањето на работната маса ќе беше преголем зафат за толку мал човек како мене, па на крајот ги преместив компјутерот и работниот стол, како револт од немоќ да променам нешто поголемо во мојот застоен животен тек.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Од купиштата рибини отпадоци, што ги разнесуваа галебите, бели како снег, се ширеше застоена реа. Ни трошка ветар од отвореното море.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Така велат сите и не забележувајќи дека се цапнати во застоената, смрдлива вода, низ која сал времето некако се протира и шмугнува.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)