затрепка (св.)
Пред очите наши, затрепкани в уплав, тој беше демон што сечеше тела; на одмазда гласник да казнува секогаш решен насилни, пљачкашки дела.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
- А-а! Ами ти што? Андон ги избриша со два прста влажните краеви на устата и пак плашливо затрепка; секогаш кога ќе се смееше, од ситните очи му навираа солзи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Андон плашливо затрепка со белите клепки, ретки и незабележливи што скоро како и да ги немаше.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сега тој затрепка по белите миризливи трендафили.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Чана како да беше откриена во нешто што не треба никој да го знае, ѝ се рашета крвта по лицето, очите ѝ затрепкаа, а од устата иако се отвораше и затвораше, не излезе глас.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кога го слушна тоа, братот затрепка со своите ситни очиња и задоволно зафучи два-три пати.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)