зачин м.
зачинет прид.

зачин (м.)

Куќата беше во низата постари двокатни, градени во отоманско-западен стил, повеќе со дрво отколку со тули и со камен, коишто Татко силно го потсетуваа на босфорските јали 2, од цариградската младост, со мали градини напред, со каранфили, со трендафили, со стракови жолто-зеленикава анамска рака кои ползеа ниско по ѕидовите, и со бавчи одзади, во кои се садеа магдонос, босилек, нане, бамји, секакви рани и доцни зеленчуци и зачини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бараше да пие кафе. Бараше да пие вино со скапите зачини што не можеа да ги пронајдат, и пак се тресеше како да го оставиле надвор на снегот, гол, со мразулци под пазувите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Имаше и полни чинии со бадемов кафен ориз - пилав (еден од специјалитетите на Кети), мелено месо и ориз завиткани во листови од зелка, пржени домашни колбаси, многу зачинети, чорба, длабоки чинии со мешана зелена салата, потпечени пиперки со маслиново масло и разни други зачини, вклучувајќи ја и неизбежната туршија од пиперки, жолти и со форма на рокчиња, за кои Даниел ја предупреди Рози, ”Немој да си гризнала од оние. Ќе ти ја изгорат устата”.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Има вкус на ливадски мед, зрела смоква, цреша, карамел, чоколада, егзотични зачини, морски оревчиња, каранфилчиња, шафран.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ги конзумираме разговорите како здрави оброци, во чести но мали количини без зачини и без масло.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Не верувај им на сетилата. Луѓето мирисаат на овошје, на зачини или на цветови, на океани и на зимзелени дрвја... а полни се измет.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Мириси на диви костени во зима, расцветани липи и багреми во пролет, гриз од најцрвените цреши и плав хоризонт во лето, златна боја и мирис на зачини во есен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да научиме да гледаме, слушаме, мирисаме, да ги вкусиме најмиризливите зачини на животот, да бидеме шармантни, харизматични, лесни како воздухот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Имам албум од ренесансата, во нив сликички од Злато, сребро и свила што молскоти... По малку и зачин...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Од таква причина мачнина имам, таквата арома е на предавство зачин.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Од персиско потекло се и голем број називи на разни јадења, зачини, прехранбени артикли и пијалаци: боза, бурек, дарчин, кајгана, мезе, нишесте, ноут, ошаф, пекмез, пелте, пилав, пиран, реванија, речел, таран, чорба, шарлаган, шеќер, шеќерпаре, шира, ширдан, шкембе и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)