заѕида (св.)
4. Скотски е, скотски живот аргатски у темно заѕидан, до скот сме сниско попритиснати на овој свет убав.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Гледам: Некој, ба си му куќата, на живот ми направил гроб и ме заѕидал. А не верувам дека бил еден.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ах, да знам кој ме заѕида: ќе го вратам пак кај мајка му, меѓу нозе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Чувајте се, да не ви падне сенката во темелот, ни рече, оти ако си ја заѕидат сенката, ќе ти се одземе здравјето, вели, или некоја завист ќе ја ненавиди куќата и жената и цел живот невиден ќе се шеташ, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од тоа време, што и во втората деценија на веков го паметел тогаш живиот и жилав даб со брада, стогодишниот Лозан Перуника, лежат на рекичката Давидица четириесет и три малечки воденици, накривени и безживотни судбини во кругот на заборавот; самоучките врати им се испукани и потемнети, суровото минато ги заѕидало прозорците со бигорен камен. Но си има свое минато.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но што ќе видат: сите влезови во скривалиштата биле заѕидани!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но кој можеше да претпостави дека Чанга ќе ги заѕида влезните врати од скривалиштата, и така ќе ги затвори сите пристапи кон утробата на тврдината?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Никако не можеле да ги поврзат работите: затворени, заѕидани врати, а свежи гранчиња!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Започнува темата на градбата на бункерите да ја поврзува со моќта на народот да се жртвува за повисоки цели, за разлика од жртвувањето односно заѕидувањето на живи луѓе, мајки со деца при градба на мостови, темели, тврдини, како што е пренесено од легендите, митските кажувања, како плод на суеверната имагинација.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Следниот ден, пред бели зори, дојде трет. Го фатија, го заѕидаа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Заѕиданата мајка, принесена како жртва во темелите на мостот, на тврдината, од страна на своите девери, за да не се урива градбата, барала да се отворат дупки за да може низ нив да се дои чедото од градите на мајката.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Овде е заѕидан засекогаш. Се надевам дека желбата ќе ти се исполни.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Без никакви формалности, обраќајќи им се на Даниел и на неговиот брат, кои го ѕидаа внатрешниот ѕид, таа директно ги замоли да ѝ ги заѕидаат нејзините добри мисли во тулите на таа куќа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но Даниел ѝ рече, „Дали веруваш дека добри мисли може да се заѕидаат во куќа?“ Девојката јасно истакна. Да, верувам.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но, српскиот селанец гледа само една причина за таквата несреќа: тој знае дека куќата ќе падне ако во темелите не се заѕида машко или женско, чии коски до Судниот ден ќе го држат врз себе тоа претешко камено месо.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Утре в зори ќе ја земеме таа што ќе дојде да ни донесе храна, и неа ќе ја заѕидаме во темелите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не заѕидувајте ми ги градиве, браќа мои, туку под везенава кошула двете боски оставете ми ги слободни, и секој ден детето носете ми го трипати, в зори, напладне и навечер.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Доселениците од Македонија во Венеција не ги читаат босанските поети кои пишуваат за потонувањето на градот – чуму да се чита потонувањето, велат, кога ние секиден го живееме тоа, чудо големо, градот потонува, ама ние секогаш сме над вода, мешаме малтер за обнова на старите палати, во малтерот, напати, за курбан, мешаме и по некој спомен од детството, а каде што треба, во обновените ѕидови на операта Феличе, на пример, заѕидуваме и по некоја нашинска песна, да се најде ако затреба, а каква што е непредвидлива иднината, секако и ќе затреба.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)