зближи св.

зближи (св.)

50. И вистина, веднаш по Востанието, по студентските бранувања за српско-бугарско зближување за сметка на Македонија, беше потпишан таен „Сојузен договор помеѓу Кнежество Бугарија и Кралство Србија“ на 30.3.1903 год. со „Заклучен протокол“ од следниот ден, каде што рускиот император се признаваше како арбитар за сите спорни прашања што би искрснале во врска со придобивките од војната со Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите ученици забележија дека Крсте непрестајно се дружи со Стојана и Нешка и не можеа да си објаснат од каде дојде ова зближување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш од селаните можете да ги чуете најубавите раскази и повести за тешкото и незаборавно минато, за сѐ што ги зближува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мојата улица е мала и безимена, со обични радости и обични грижи, и да нема зеници од сонцето подгорени не ќе може ништо со светот да ја зближи.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Останаа општинскиот писар, лимарот Петар, Генералстап. Но со нив не можев да се зближам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Но кога виделе дека трговијата оди добро и дека чесно им се плаќа, тие од ден на ден сѐ повеќе се зближувале меѓу себе, се засакале и се спријателиле.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тука — во Полчишта — Толе се зближи со Трајка Брлета и со една — две лири пари си направи конак за да не паѓа в очи на власта кога ќе се враќа кај Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одејќи кај нив, Профим се зближил со ќерката, и таа останала трудна.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Си мислев дека можеби тоа дете повеќе ќе ја зближи кон другата мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Неколку недели нема борба, нема ништо. Се прегрупираат војските, чекаме помош, муниција. Од Французите, Тогаш и се зближивме со Витомира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На своите осамени обиколки на синорот беше стигнал да се зближи некако со говедарката Ристана Голушкоска со син ѝ Димко Силистарко, па тие, не без сочувство за нивните страдања во туѓа земја и меѓу туѓинци, брзо ја разнесоа низ Потковицата: Додека бил Видан малечко и додека мајка му можела да работи, го водела со себе по белградските господарски куќи за да ѝ помага.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Први се Коста и Атина Папастојку — тој е без една нога, а таа без една рака, и тоа ги зближило.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што можело да ги зближи толку многу овие двајца, пред сѐ непартијци, придојдени во градот, едниот со универзитетско образование, а другиот неписмен козар?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имаше опасност, според нивните согледби, козите да ги зближат „спротивставените класи“: занаетчиите и работниците, приватниците и службениците, верниците и комунистите, поразените и победниците.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но никој не сфаќаше оти татко ми и Чанга, всушност, ги зближија козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Можев да изберам дваесет предмети на час“, истакнуваше Дишан, „но тоа би завршило со нивното зближување, а тоа не го сакав. Луѓето сигурно на крајот ја наоѓаат сличноста“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како што се оддалечуваше од куќата, гневот и омрзата сѐ повеќе му растеа во него, зашто токму кога имаше намера да се зближи што повеќе со неа, дури да ја земе за жена, го откри нејзиното неверство; виде дека неговото отсуство во текот на неделата таа го делела со друг.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ти со мисла, јас со мисла, продолжив. Ќе се разбереме, ќе се зближиме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Најпосле, според моето верување, ова патување требаше да биде уште еден обид, барем пред лицето на светот, да се зближат Албанија и Југославија, односно Македонија земјата на среќниот егзил на моето семејство, при што требаше да ја провериме цврстината на можниот мост кој би ја заменил границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе