збогува несв.
збогување ср.

збогува (несв.)

(Сите излегуваат од спалната, минуваат низ салонот и се збогуваат со Темјана).
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Се собрал народ да се збогува со мудурот, а тој им ветува дека пак ќе се врати, но да гледаат да не се караат и кодошат еден со друг.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се збогува и со другите селани, го јавна коњот: сувариите по него прејдоа отспротива и заминаа долу Руда, накиснати, како војска која бега пред непријателот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со родителите и баба му што постојано го бакнуваа, се збогува како во сон.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Стана, се збогува со Адема и си отиде без да сече пазар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Место пљачкање, тепање, псуење, овој јузбашија го построи и се збогува со сите селани што излегоа, та дури и Толе го стисна за рака и му ја подржа малку повеќе од другите селани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека видат и осетат дека султанот повела овдека, а не некакви Толе Пашовци, војводи и комити. Со тие зборови се збогува Бахтијар и си отиде во Битола да ја проведе зимата, заплашувајќи ги бимбашиите дека ќе ги посети да се убеди дали оваа негова наредба ќе биде исполнета или не, што и го направи баш сред зимата, околу свети Атанас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со нем поглед и со симнати црни шамии се збогуваат со оние што одат на бој, а потоа толпата, забрадена со црни шамии, се разбранува и полека кинисува удолу.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Чувај се... А сега, да се збогуваме и на извршување.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Збогувајќи се со мажите Јанчески главите на сојовите од женската одаја си ги собираат домаќинките и заедно со нив преку тремот (од горниот крај на пондилата, врзани за јаслите дремат над нив неколку добичина, разделен е со куќното огниште над кое, прикрепени за гредите, висат камушки, а на нив, во секое време на денот и ноќта и откога се паметува котел со топла вода) и низ Мала врата излегуваат направо на срецело, ги дочекува зрачна вечерна зора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Претставниците на власта и партијата им се радуваа на новите припадници на работничката класа кои засекогаш се збогуваа со животот и со навиките во планините и кои сега, сигурно, ќе му зададат конечен удар на домашниот и на странскиот класен непријател.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Соочени со фактите дека сите нешта завршуваат и дека простувањето од животните задоволства ја има околу себе неизбежната атмосфера на тага, навистина има такви кои би го скратиле или избегнале збогувањето; коишто, уште повеќе, чувствуваат дека од она што и онака мора да се заврши (т.е. од сѐ, дури и од уметноста) треба да се збогуваме брзо, ако воопшто и сме започнале со тоа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога човек се збогува со близок во својата душевна длабина алхемиски се бори, да ги оживее блиските и далечни спомени, да го поврати изминатото време со саканиот исчезнат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нашето засекогаш мина. Ниту Европа станавме, ниту од Азија не се збогувавме.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тетка небаре ја следеше внатрешната линија на моето љубопитство, на времето разделно, па продолжи: - Една вечер пред заминувањето, стариот прилепски кадија му ја отворил до дно душата на татко ми крај чашката ракија и погледот упатен кон сините езерски далнини: „Пријателе мил, дојден сум да се збогувам со тебе, со Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој светнал како блесок во мрак кога си се родил. Тогаш си се збогувал со мракот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Станав, во намера да се збогувам. Плашејќи се да не соберам два и два и да излезат повеќе од четири, тоа го правев одлучно и војнички добро.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Со нем поглед и со симнати црни шамии се збогуваат со оние кои одат на бој, а потоа толпата, забрадена со црни шамии, се разбранува и полека кинисува удолу.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Откако заврши со читањето, се збогуваше и си замина со толкава потиштеност во душата, сосема невообичаена за добронамерник како него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Наскоро потоа, се збогував со него. Лажниот лудак беше мој платеник.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе