збувне св.

збувне (св.)

- Цревата на рака ќе му ги навиткам, вели Мисајле зазбивано, како кокошајнца ќе го изгазам, во чкембето ќе му стапнам, вели Мисајле со модра и збувната уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако се работеше за чумата, таа црна гостинка што везден ја носеа од истокот и Стамбол, туку си шараше без престан низ Скопје, час во едно, час во друго маало, и додека не збувнеше наеднаш насекаде ја сметаа за зло што се совладува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
4. Трагикомедија Оживи ја, словесно и складно блажената насмевка, дамна исчезната во истиот овој театар, Вишна Ведо зашто нема спокој спознавачки ни комичен ни трагичен помор кајшто има, кобна кома зашто комедијата не ја спасува земјата21 погром кајшто има „зашто немам надеж, зашто надеж нема“22 да се врати мирот, таму кајшто култ е на истребувањето слободата таму кајшто омразата збувнува како шумски пожар на планински ветер и вражји Уууххх а нам ни треба смисла за стварност и како да ја издржиме, Божице!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
4. Меѓусвет: габи Нивните форми ни сраснуваат за погледот и се огледуваат, привидни призраци, во воздухот: чадорчиња затворени со сласна слузокожа во бела мека лека обвивка памучни жизнерадосни белутраци млечни фереџиња повлечени, со тек на време како лажни ветувања демодирани манири на постоење; дволики појави, многуглави ламји - сенките предвреме да се насетуваат со флуид на влекачи и глодари за да биде кошмарна прошетката да има наезда на невестулки да има сѐ на претек: царски ѓубрарки, сончарки или „кукмарки“ (име за сѐ!) галапки, пупавки, млечки, рујни рујници јајчарки со боја на манго на папаја, јапонско лале или јаболко летни вргањи распукани како петици како суводолица збувнати небаре херпес по грозница.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ако контрастот е логичен, си реков тогаш ќе направам писанието мое да биде посветло зашто се збива на север таму кајшто изгревот доцни а пак заодот поранува, таму кајшто сѐ е помазано со благ како шира леплив и збувнат налик на долго воздржувана сперма самрак.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)